Отворено

Helen Doron English

Телефони:

075 224 242

Адреса:

Јане Сандански 58
1200 Тетово
Македонија

Web / Facebook страна:

Работно време:

понеделник - петок: 9:00-17:00
сабота - недела: Затворено

Дејности:

приватно училиште, едукација, Англиски јазик

Опис и дејности

Со овој пристап се поттикнува природната способност кај децата за усвојување на јазикот, низ постојано слушање на јазикот дома и низ забавни активности на часот. Така се создава позитивна и исполнета атмосфера која го поттикнува детето да го усвои англискиот јазик како мајчин јазик. Целта е децата да научат да зборуваат странски јазик истовремено додека го учат и мајчиниот јазик т.е. пред да научат да пишуваат и да читат. Овој револуционерен систем на учење (кој денес е прифатен во светот на педагогијата), функционира преку 30 години и многу одамна се надминати сите предрасуди на многу родители и старатели кои верувале дека е невообичаено децата и бебињата да се подучуваат на друг јазик, понекогаш и пред да го научат мајчиниот. Со овој пристап Хелен Дорон го прошири сознанието дека децата имаат предиспозиции да усвојат повеќе од еден јазик истовремено и дека поттикнувањето на нивните јазични способности не го развива само нивното познавање од јазици, туку истовремено го збогатува нивниот свет и го зацврстува нивниот развој.
Хелен Дорон методот во целост е различен и уникатен метод за изучување на англискот јазик. Пред се, со овој систем можат да се едуцираат многу мали деца (бебиња од три месеци), па се до тинејџери (до 19 год). За секоја возраст има посебна програма во која методот, техниките и вокабуларот се прилагодени на возраста. Методот е лесен, музикален и брзо дава резултати. Јазикот се учи преку песни, игри и многу креативност. Секое дете при уписот добива сет со материјали за учење кои одговараат на високиот педагошки стандард, во кои има неколку цедиња со песни, ДВД и книги. Децата дома ги слушаат песните и ги гледаат видеата, со што редовно го повторуват материјалот, а од друга стана и многу се забавуваат. Наставата се изведува во мали групи најмногу до осум деца, во специјализирани простории по Хелен Дорон стандарди.

Најголемата придобивка од изучувањето на англискиот јазик по Хелен Дорон методот е тоа што децата го научуваат како мајчин јазик. Децата научуваат да размислуваат на англиски. Нивниот акцент е одличен, а комуникацијата им е слободна и флуентна. Тие не размислуваат како да се изразат на англиски, тоа им доаѓа природно. Преку овој метод, освен изучувањето на англискиот јазик, децата добиваат големи придобивки и врз нивниот ран детски развој. Нашите деца имаат подобар развој, повеќе самодоверба, самопочитување, поголема толеранција и подобри изгледи за вработување, бидејќи познавањето два јазика воедно значи и познавање на две култури (посебно ако детето почнува да ги учи рано).

За брендот

Helen Doron Early English претставува револуционерен систем за рано изучување на англискиот јазик, многу поразличен од конвенционалниот начин на учење. Хелен Дорон методот се базира на посебни материјали и креативен пристап во усвојувањето на јазикот кај децата.

Карактеристики

Wi-Fi
Забрането пушење
Погодно за семејства
Погледни насоки

Коментари

Нема коментари за оваа фирма.