5 години САНМАРТИ-Визбегово. 5 години успешна приказна

Објавено: 16 Октомври 2019 - 12:03

Вчера се одбележаа 5 години од свеченото отварање на објектот на Санмарти во Визбегово. Уште една компонента од успешната приказна на еден од најдобрите брендови за санитарија во државата-Санмарти.

Во бизнисот нема простор за преправање и манипулации кога се работи на долга стаза. Потребно е чесно и вредно работење, грижа за клиентите, врвен квалитет и константно унапредување на производите и услугите, а тоа е токму она што Санмарти како бренд најдобро го прави.

Во своето долгогодишно постоење претпријатието создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.

Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.

САНМАРТИ е дистрибутер на: Лив, Армал, Аклимат, Коин, Цинкарна, Варстрој, Електроде Јесенице, Елко Електроковина, Токос,Штруц Товарна кос ин српов, Штруц Ковачија Мута, Изотерм Плама, Агроком, Искра Еро сите - Словенија, Лимекс, Комел Хрватска, Хатриа, Ремер, Бугати, Галасиа, Новабел, Рањо, Санипласт, Ефепи - Италија. Грое - Германија.

Повеќе за овој бренд може да прочитате на нивната официјална веб страна.

Сподели ја веста

Последни содржини