Adidas отсега ќе продава само на интернет

Објавено: 16 април 2018 - 13:53

Германскиот производител на спортска опрема Adidas очекува затворање на физички продавници во наредните години, како дел од пренасочувањето на онлајн продажбата.

"Со текот на времето, ќе имаме помалку продавници, но тие ќе бидат подобри", изјави извршниот директор на Адидас, Каспер Рорстед, во интервју за The Financial Times.

Во моментов "Адидас" има 2.500 продавници ширум светот и 13.000 франшизни продавници каде што се продава само еден бренд, пишува британскиот весник. Се очекува дека бројот на продавници "Адидас" ќе се намали малку следната година, истакнува извршниот директор на германската компанија. "За нас, локацијата е нашата најважна продавница во светот", истакна Рорстед.

"Адидас" сака повеќе од двојно зголемување на продажбата преку интернет до 2020 година, на четири милијарди евра. Минатата година продажниот канал оствари приходи од 1,6 милијарди евра.

Сподели ја веста

Последни содржини