Агрофила - 14 години успешна приказна!

Објавено: 07 Октомври 2019 - 14:26

Една од познатите домашни компании чија цел е  промоција на здравиот начин на исхрана и  едукација на граѓаните за значењето на ладно цедените масла во нивната исхрана и живот го прославува своето 14-годишно постоење.

Кои се Агрофила, како се развиваат од компанија со само тим од 5 вработени во интернационален лидер во својата индустрија и која е тајната на нивниот успех се само дел од нештата кои тимот на Бизнис Каталог ги истражи и подготви за да ве запознае со нив. Па погледнете 💪😉😉!

Почетоци

Почетоците на создавањето на Агрофила датираат од 2005 година, како производна единица во состав на Фила-фарм Скопје. 
Главната дејност на компанијата е производство на автентично ладно цедено масло за јадење, произведено од различни маслодајни семиња. Во тој период, овој начин на производство беше непознат за македонскиот пазар, а и во поширокиот регион.  Агрофила во тоа време беше една од ретките производители на масло од ваков тип во поширокиот регион на Балканот.
Во почетоците на своето работење поголемиот дел од произведеното ладно цедено масло (90%) се продава како сурово масло на различни сточарски фарми, а само мал процент (10%) е наменет за продажба на масло за јадење наполнето во ПЕТ или стаклени шишиња.
Компанијата своето работење го започнува со вкупно 5 вработени, кои своето професионално надоградување го стекнуваат најмногу учејќи од сопствените грешки, имајќи во предвид дека ова производство е сосема непознато во овој период.

Во 2007 година се осамостојува како посебна фирма Агрофила. А веќе во 2009 година дури 50% од произведеното маслото го пласира како флаширано масло во ПЕТ или стаклени шишиња. Во тој период ги потпишува и првите договори за соработка со дистрибутивна компанија која се обврзува да ги пласира производите во сите поголеми маркети во нашата земја.
Со слоганот на компанијата „Исцедено од природата‟ со познатата палета од неколку производи на масло од сончоглед и маслодајна репка полека се пробива на македонскиот пазар.
Во тој период се остварува и првиот извоз во Италија, за наскоро да следи извоз и во Србија, Романија и Австралија.
 

Сопствена дистрибуција

Во 2012 година, раководството на фирмата носи одлука да организира сопствена дистрибутивна мрежа, со цел поголема сигурност, поголема грижа за производот и редовна и навремена достава на производот до потрошувачите. Ова одлука набргу носи голем резултат и мошне бргу целокупната производна програма стана се повеќе препознатлива помеѓу потрошувачите на домашниот пазар.
Во текот на оваа година лепезата на производи значително се шири, па покрај маслото од сончоглед и маслодајна репка, на пазарот се појавуваат и многу други масла, како што се маслото од: лен, сусам, тиква, мешавина на тиква и сончоглед и маслиново екстра девствено масло.

 

Продирајќи се на европските пазари во производство на ладно цедени масла кои се ценовно достапни и квалитетни, 2017-та година компанијата влегува и во Полска. Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања Агрофила ДООЕЛ успешно ги реализира планираните инвестициски активности во нов складишен простор за суровина во рамките на самата компанија. Таа веќе го збогатува својот арсенал со нови производи како маслото од чиа, покрај него, и обезмастеното мелено семе од чиа.

Постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи, налага внимателно следење на трендовите од областа на здравата храна и нивно имплементира во нашето дејствување. Ова мото ќе не води и во нарената година. 

- велат од Агрофила

Револутивни инвестиции 

Во 2018 и 2019 година Агрофила продолжува со своите капитални вложувања. Како главни инвестициски активности можат да се издвојат набавката на фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија, како и опрема која е неопходна за модернизирање и усовршување на работниот процес.
Од нови производи тие ги нудат маслиновите масла со кои веќе успеваат да ги задоволат потребите на купувачите.

Имајќи ја во предвид визијата и мисијата на Агрофила, во периодот што помина и периодот што следи особено внимание ќе биде посветено на пласирање на производите на нови пазари, како и усовршување на производниот процес.
 

За агрофила и нивните производи може да прочитате и погледнете повеќе на нивниот вебсајт http://filla.com.mk/.
Производите може да ги купите и во некои од нашите поголеми маркети како Тинекс, Жито и Kit Go но и секако Он-лајн на нивната Е-продавница и притоа да ги добиете испорачани до дома.

Од тимот на Бизнис Каталог, на вам драги читатели ви препорачуваме уште веднаш да ги пробате, бидејќи се Нааавистина Вкусни!  А на Агрофила им го честитаме 14-тиот роденден и им посакуваме уште многу многу успеси!

 


 

 

Сподели ја веста

Последни содржини