Ако поседувате некој од овие мобилни телефони, може да добиете до 3.000 фунти

Објавено: 18 февруари 2020 - 09:10

Доколку поседувате стар мобилен телефон кој не го користите, не го фрлајте!

Според британските медиуми доколку мобилниот телефон спаѓа во групата „класици“ може да се стекнете со вистинско мало богатство.

Еве за кои мобилни телефони постои голема побарувачка:
– Nokia 3310 во Британија се продава за цена од 10 до 55 фунти
– Motorola Razr V може да се продаде за околу 60 фунти
– Sony Ericsson W88i може да се продаде за околу 50 фунти
– Nokia N95 може да ви донесе заработка од 90 фунти
– Nokia 9000 вреди неверојатно 500 фунти
– Nokia Mobira Talkman од 1981 се купува за спектакуларни 900 фунти

Кралот на старите телефони е Motorola DynaTAC. Ако го поседувате овој мобилен телефон, па уште и да е во добра состојба, за него може да добиете до 3.000 фунти!

За старите iPhone модели се нуди цена од 150 до 1.000 фунти.

Британските медиуми анализата ја направиле според информациите прибрани од e-bay и останатите слични страници за огласување кадешто колекционерите купуваат мобилни телефони.

Сподели ја веста

Последни содржини