Австриските Штајермеркише Банк и Шпаркасен со понуда за преземање на Охридска банка

Објавено: 26 септември 2019 - 15:06

Со тоа практично почнува процедурата за продажба на банката која досега беше дел од француската групација Сосиете Женерал.

Понудата на австриските Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД и официјално е потврдена и од Охридска банка која се огласи со соопштение преку македонската берза. 

„До Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје е доставена понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје и Проспект за понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје поднесени од страна на Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД“, стои во соопштението.

Народната Банка претходно издаде зелено светло за преземање на Охридска Банка од страна на австриската Шпаркасе Банка со што се создаваат услови за реализација на финалната фаза, односно, купопродажните транскации.

Охридска банка беше дел од француската групација Сосиете Женерал која во 2018 година реши да се повлече од неколку земји во овој дел од Европа бидејќи нејзините експозитури, според пазарниот удел, не биле во топ три банки. На продажба тогаш се дадени банката во Бугарија, во Албанија, во Македонија, во Црна Гора, во Србија и во Молдавија, а надвор од пакетот за продажба останаа банките во Русија, во Романија и во Чешка.

Сподели ја веста

Последни содржини