Берза: Непознат купувач вложи 4.4 милиони евра во Комерцијална Банка АД Скопје

Објавено: 28 November 2017 - 02:03

Помеѓу последните вести на Македонска берза може да се забележи и вестa која ја раздвижи берзата. Имено, во текот на вчерашниот ден е извршена голема блок-трансакција со акциите на Комерцијална Банка АД Скопје при што се вложени неверојатни 4,4 милиони евра.

Засега не е познато кој е сопственик на тргуваниот пакет акции на Комерцијална банка, но се знае дека станува збор за за откуп преку блок трансакција на вкупно 119.540 обични акции кои се со право на глас. 

Вредноста за една акција достигна цена од 2.300 денари, а со тоа вкупната вредност на трансакцијата изнесува 274.942.000 денари. Големината на тргуваните акции претставува 5,25% од вкупниот удел во основниот капитал на друштвото. 

Претходно во текот на оваа година, во септември и ноември исто така имаше појава на тргување на блок трансакции со акциите на Комерцијална банка, но со многу помала вредност, односно, акции во вредност под 1% од уделот во основната главнина.

Oва е веста која беше објавена на веб страницата на македонската берза:

Ве известуваме дека ја објавуваме блок трансакцијата со акциите на: Комерцијална Банка АД Скопје Шифра: KMB Вид на ХВ: обични акции Пазарен сегмент: Официјален пазар – Супер Котација Номинална вредност: 1.000 МКД Количина: 119.540 % од основната главнина: 5,25% Цена по акција (во денари): 2.300,00 Вредност на трансакција (во денари): 274.942.000,00.

Сподели ја веста

Последни содржини