Добри вести за акционерите на „Тетекс“ - Може да земат дивиденда од 730.000 евра

Ладен туш за злите јазици кои халуцинираа за пропаст на „Тетекс“ – ако се подели дивиденда од ТТК Банка „Тетекс“ ќе земе 730.000 евра
Добри вести и за акционерите на „Тетекс“ – нивната банка лани оствари добивка од 1,76 милиони евра што е за 115.000 евра повеќе од 2018 година.
ТТК Банка објави дека лани остварила добивка по оданочување од 1,76 милиони евра и тоа е за 115.000 евра повеќе од 2018 година. Тоа е за 7 отсто подобар резултат од 2018 година! Солиден раст во услови на остра банкарска конкуренција.
Клучот на солидиниот резултат на ТТК Банка е тоа што во 2019 година успеала да направи оптимизација на страната на приходите, да го зголеми кредитирањето и следствено на тоа резервациите и да успее да ја зголеми добивката во споредба со 2018 година со драстично кратење на трошоците кои настанауваат како загуба по основ на оштетување на нефинансиски средства.