„Феро Инвест“ на Анѓушев со одлука на Владата го збогати своето портфолио со нова хидроцентрала

Објавено: 20 февруари 2020 - 09:01

Владата му одобри пренос на концесија од мала хидроцентрала на „Феро Инвест“.

Со минатонеделна одлука, Владата даде согласност за пренос на уделот од концесијата на Хидро Еко Инженеринг, друштво кое веќе ја има потребната лиценца од 2011, а од 2013 ja има и дозволaта за повластено субвенционирање. 

Владата му даде согласност на концесионерот, како носител на правото на концесија на вода за изградба на мала хидроелектрична централа за производство на електрична енергија, добиена по основ на Договор за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи за производство на електрична енергија за пренос на 100 отсто од уделот на „Феро Инвест“.

Управител на „Феро Инвест“ е Кочо Анѓушев, кој повеќе не е вицепремиер за економски прашања, по истекот на редовниот мандат од претходната Влада пред стапувањето на предизборната техничка власт. По заминувањето од вицепремиерската функција, Анѓушев се врати на кормилото на „Феро Инвест“. 

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини