Флотата на „Адрија Ервејс“ ќе биде приземјена уште најмалку два дена

Објавено: 26 септември 2019 - 15:28

Компанијата е во финансиска криза и интензивно трага по нови инвеститори, бизнис партнери или кредитори и воедно изразува жалење и извинување до клиентите за прекинот на летови во овој период.

„Адрија Ервејс“ леташе од кон Скопје и од Скопје секој ден во недела, а преку Љубљана нудеше конекции со повеќе европски дестинации. Но, компанијата беше принудена на мерката за приземјување на флотата, откако не доби четири милиони ерва субвенции од словенечката Влада за надминување на проблемите. Од нејзиното претставништво во Скопје порачуваат дека билетите на патници ќе бидат заменети на сметка на авиокомпанијата и сите ќе стигнат до крајните дестинации.    

Во меѓувреме, „Адрија Ервејс“ доби рок од агенцијата за цивилно воздухопловсто на Словенија до 2 октомври да изготви план за реструктуирање оти ѝ се заканува и одземање на лиценцата за летање. 

Дел од авионите што ги користеше компанијата под наем, како што пренесуваат медиумите, се одземени поради неплатени обврски. „Адрија Ервејс“ е формирана во 1961 година и до 2016 година беше во сопственост на словенечката држава кога беа продадени 96 отсто од нејзините акции. На свое име, компанијата има десет летала од кои шест се „Бомбардие“ и четири од типот „Саб“.     

Сподели ја веста

Последни содржини