Гламурозна прослава за 20 години Мебел Дизајн! Најавен и новиот бизнис за 2020

Објавено: 13 декември 2019 - 14:42

Во убава, раскошна атмосфера, во познатиот скопски ресторан „Рагуза 360“, сопственикот Агим Емурлаи заедно со вработените, како и домашни и гости од странство, прослави за успехот кој е препознатлив не само во Македонија, туку во регионот и пошироко.Од идеја и замисла до реализација на деловните проекти, Мебел Дизајн веќе 20 години гради успешна приказна која продолжува и понатаму.

Макотрпната долгогодишна работа, многуте успеси и предизвици во толкав временски период е невозможно да се вметнат во неколку минути видео, но сите со задоволство се присетија на се што се случуваше низ годините додека се градеше овој бренд.

На изненадување на сите присутни, од компанијата го најавија и новиот бизнис кој треба да започне со работа од 2020 година, кој вклучува сопствен транспорт и нова фирма- Valk Logistics.

Се планира и проширување на фабриката за околу 3000 квадрати и дуплирање на производството.

Емурлаи искрено и со гордост истакна дека е задоволен што бизнисот всушност преминува во семејна компанија и секако, не заборави на вработените, без кои ништо не би било возможно. По повод 20 годишнината од постоењето, вработените кои најдолго се дел од компанијата добија подароци и признанија.

Водителка на настанот беше познатата македонска инфлуенсерка Лила Стојановска, а за музичкиот дел се погрижи младата и талентирана пејачка Александра Јанева. Забавата не би била целосна доколку на крајот не се прослави со огномет.

Особено беа горди на тоа што во семејниот бизнис активно учество зема и ќерката на основачот и сопственик, Зејнеп, која во целиот тим внесува свежина и младешка енергија.

Мебел Дизајн се заблагодарува на своите вработени, соработници и клиенти за пружената доверба и ветува дека и во иднина ќе продолжи да се води од квалитетот, кој е нивен заштитен знак, со желба за здравје, среќа, но и нови работни предизвици и успеси.

 

Сподели ја веста

Последни содржини