Измама на векот: Крајот на најмладата милијардерка во светот

Објавено: 06 септември 2018 - 10:53

Компанијата Theranos повеќе нема да постои, а сопственичката Елизабет Холмс се соочува со кривична пријава за измама на инвеститори, доктори и пациенти, пишува Wall Street Journal.

Оваа вест доаѓа по објавувањето на мејл во кој директорот на компанијата ги известува акционерите дека нема да добијат пари со цел да се исплатат долговите за кредити кон банките и инвеститорите. Целта е да се избегне банкрот на компанијата.

Theranos е основан во 2003 година и требаше да внесе револуционерен напредок во индустиријата за крвни анализи. Холмс тогаш имаше 19 години и досега важеше за една од најуспешните жени на денешницата. Не само што не постои никакво медицинско чудо кое го најавуваше со години туку и лажела за тоа како американската војска ги користи нејзините производи во Авганистан.

Откако беше разоткриена Холмс ги затвори лабораториите и им даде отказ на 800 вработени. Харизматичната русокоса девојка која ги лажеше луѓето дека ќе создаде технологија достапна и за најсиромашните испадна најголемата измамничка на векот.

извор: lokalno.mk

Сподели ја веста

Последни содржини