Какви услови треба да исполнуваат рестораните за да добијат 4 ѕвездички?

Објавено: 12 февруари 2020 - 11:22

Вкупно 61 ресторан во земјава ја поминале категоризацијата од Министерството за економија, од нив само 10 имаат најмногу 4 ѕвездички – покажуваат податоците од Категоризацијата на рестораните во земјава која ресорот економија го правел лани.

Правилникот според кој се категоризираат објектите покажува што се треба да има ресторанот за да „заслужи“ најмногу 4 ѕвезди.

Покрај посебен влез во објектот за гости и персонал, треба да има температура од 22 степени целзиусови, за разлика од рестораните со 3 ѕвезди кои треба да одржуваат 20 степени, а тие со пониски категории 19 степени целзиусови.

Ако садовите за послужување, приборот и чашите кај тие со 1 и 2 ѕвезди се со стандарден квалитет, кај тие со три ѕвезди мора да се со висок, а кај рестораните со 4 ѕвезди со врвен квалитет.

Послужувањето пак на јадење и пијалоци за време на главните оброци, ручекот и вечерата кај тие со 4 ѕвезди мора да биде три часа за секој оброк, мора да имаат две мениа, и 15 јадења „А ла Карт“. А на листата на пијалоци рестораните со 4 ѕвезди треба во секој момент да имаат на залиха 20 видови на вина од врвен квалитет, од кои најмалку 10 треба да се меѓународно признати вина.

 Еве ја листата на категоризирани ресторани со 4 ѕвездички:

1.Пелистер- Скопје

2.Лихнидос- Охрид

3.Воденица Мулино

4.Елит Плаза Бизнис Центар- Скопје

5.Оливес – Скопје

6.Актива – Скопје

7.Еквилибриум – Скопје

8.Гламур – Дихово, Битола

9.Бела Виста – Скопје

10.Две Лири – Ресен

Сподели ја веста

Последни содржини