Кој градежник лани земал бруто плата од 1,12 милиони евра?

Објавено: 12 март 2019 - 11:06

Фатмир Етеми, управител на градежната фирма „ЗФС КОМ“ ДООЕЛ лани остварил бруто лични примања од работа во износ од 1,12 милиони евра, податоците се достапни во годишниот извештај на „Комерцијална банка“, чиј член на Надзорен одбор е Етеми.

Етеми во Mај лани беше предложен и во септември беше избран за член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“. Етеми во нашата јавност е познат како бизнисмен градежник, поранешен пратеник и носител на партиски функции од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП). Компанијата на Етеми беше актуелна со градбата на деловната зграда во општина „Аеродром“ во близина на „Мајчин дом“ кога имаше протести од месното население против изградбата на овој објект при што критиките беа насечени кон претходната и кон актуелната локална власт.

 

Етеми е член на Управниот одбор на Стопанската комора на северозападна Македонија, а членува и во Советот на македонската развојна фондација за претпријатија.

Заедно со Етеми во Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“, во јули лани, седна и Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора Инженеринг“  - компанија која работи во истиот бизнис во „ЗФС КОМ“ – градешништвото. Наспроти 1,12 милиони евра бруто примања на Етеми , Чифлиганец  лани остварил бруто приходи од договори за работа во износ од 24.300 евра.

извор: faktor.mk

Сподели ја веста

Последни содржини