Малиќи наплати 2,2 милиони евра камати од државата

Објавено: 02 декември 2019 - 13:08

Енвер Малиќи не е обичен бизнисмен. Тој е и политичар. Член е на Советот на Град Скопје и заменик градоначалник. Поседува хотели, гради станови, продава алкохол и цигари. 

Мажот на годината и почесниот конзул на Мексико неодамна наплати 2,2 милиони евра камати од државата затоа што бил оштетен, па наместо три ќе можел да гради само еден хотел под Калето. Си ги врати парите од буџетот, а не и’ ги прости каматите кои се далеку повеќе од неговата првична инвестиција.

Заменикот градоначалник на Скопје Енвер Малиќи преку извршител од државата наплати 2.273.000 евра на име камати, потврдија за ИРЛ од Министерството за транспорт и врски. Освен парите од каматите на Малиќи од буџетот му се вратени и 1.254.000 евра за парцели кои беа предмет на судскиот спор. Станува збор за градежно земјиште на кејот на Вардар, во близина на скопското Кале, каде требаше да се градат хотелски комплекси и деловни објекти. Пари од државата чека и пратеникот на ДУИ Ејуп Аљими, кој заедно со Малиќи ја тужеше државата и бара раскинување на договорите за купопродажба.

Со доаѓањето на власт на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДПА во 2006 година Јавниот правобранител побара Министерството за транспорт да ги раскине договорите со Малиќи и Аљими, бидејќи се склучени спротивно на Законот за спречување на корупција, односно во текот на изборната кампања и осум денови пред изборите на 5 јули. Додека судскиот процес беше во тек, во 2008 година на власт повторно се врати ДУИ. Во јануари 2013 во суд победа издвојува двоецот Малиќи и Аљими и тие се запишуваат како сопственици на земјиштето.

Во меѓувреме бизнисменот Енвер Малиќи, уште пред да ја добие тужбата, станува еден од сопствениците на комплексот „Парк резиденс“ кој се наоѓа спроти спорните парцели од другата страна на Вардар. Тоа е објектот познат како Кинески ѕид веднаш зад Градскиот стадион. За време на министерувањето на Јанакиески, ова здание кое требаше да се урива, беше легализирано и во 2014 година почнаа да се продаваат првите станови и деловни простории.

Во 2015 година Малиќи и Аљими одлучуваат тие да ја тужат државата за да ги раскинат договорите за купопродажба и да им се вратат парите. На овој потег се решаваат бидејќи се сменил ДУП-от за овој реон и наместо три хотели, можеле да градат само еден хотел.

Судскиот спор го доби Малиќи, кој за вложените 1.254.000 евра, си врати 3,5 милиони евра. При крај е судската постапка и за пратеникот Аљими.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Фото: Friday.mk

Сподели ја веста

Последни содржини