Малите и средни фирми можат да се вмрежат со европски партнери преку мобилна апликација

Објавено: 23 април 2019 - 08:37

Малите и средните фирми од Северна Македонија најмногу извезуваат свои производи и услуги во регионов, информираат од Европската мрежа на бизнис можности (ЕЕН- Македонија).

Од нашите податоци со кои располагаме, можеме да забележиме дека најголема соработка компаниите од земјава имаат со фирмите од регионов, но и со Германија, изјави професорот Виктор Стојмановски од ЕЕН - Македонија. 

Во Стопанската Комора на Македонија беше презентирана  мобилната апликација „Ино Биз“. Оваа мобилна апликација е алатка преку која малите и средните претпријатија од земјава можат многу полесно да дојдат до информации од базата на ЕЕН со помош на кои можат многу полесно да се вмрежат со компании од европскиот и светскиот пазар.

Целта на оваа алатка е зголемување на трансферот на технологии кај малите и средните претпријатија и да се зголемат научно истражувачките проекти. Компаниите преку оваа алатка можат многу полесно, но и побрзо да дојдат до странски партнери, да се запознаат и со најновите информации кои ги имат или нудат светските компании, да аплицираат за грантови.

Мобилната апликација во моментов ја користат над 300 фирми од Македонија. Најголем број од нив се од областа информатика и технологија. /biznisregulativa.mk

Сподели ја веста

Последни содржини