Начини на кои може да патувате бесплатно, а да заработувате пари

Објавено: 12 февруари 2020 - 12:03

Постојат можности да патувате службено и притоа да го прошетате светот бесплатно.

Доколку барате нова професија од која ќе може да патувате, а и добро да заработувате, постојат неколку начини на кои може да го направите тоа.

1. Блог за патувања

Луѓето сè повеќе ги читаат и се интересираат за ваков тип на блогови и ако сакате јавно да ги споделувате патните искуства, а да заработите и значителна сума на пари.

Доколку се позиционирате себеси како „светски турист”, може да добиете понуда од голем број туристички агенции, тие да ги подмират вашите патувања во замена за промовирање на нивниот бренд. На овој начин можете да ги поврзете работата со забавата и патувањата.

2. Станете инструктор

Ако практикувате активности како јога, пилатес, алпинизам, скијање, нуркање итн, овие авантуристички спортови исто така, се практикуваат и на голем број туристички дестинации. За прилагодлива личност, ова може да биде работа од соништата, која се извршува низ целиот свет и вклучува постојано патување.

3. Бизнис во рамките на програмата за размена

Постојат се поголем број компании кои нудат посредување при вработување во други држави. Концептот е дека основните трошоци за вашиот престој ги покрива работодавачот, а за возврат од вас се очекува да работите одреден договорен број часови во текот на неделата. Типот на ангажман може да варира од работа на фарма, работа во некои локални ресторани или кафулиња, помош во домаќинството, чување на деца, па се до административна работа.

Што и да одлучите да работите, најчесто работењето во странство ќе ви овозможи солиден паричен приход, но и запознавање на нова култура и начин на живот, а трошоците ќе бидат минимални.

4. Работа во хотел

Доколку сонувате за некоја дестинација која сакате да ја посетите, но патот и престојот таму се премногу скапи, секогаш има друга можност како да си ја исполните желбата.

Можете да аплицирате за работа на рецепција, за административна или работа за одржување на редот во некој од локалните хотели, а за возврат да добиете можност да престојувате во него за време на периодот на вработување. Ако можете да најдете работа на местото каде што сакате да го посетите, постои можност да обезбедите бесплатно сместување и притоа да добиете и солиден џепарлак за трошење.

Тоа е еден од начините да си го исполните сонот, да ја посетите посакуваната дестинација без да плаќате вистинско богатство за тоа и притоа да заработите пари со кои ќе може да уживате во престојот.

5. Чување на деца, имот или миленици

Пребарувајќи на интернет за вашата омилена дестинација која сакате да ја посетите, во одредени текстови на клучните зборови секогаш се појавуваат мини огласи поврзани со работа во тој реон. На тие мини огласи најчесто ќе наидете на семејства кои бараат да ангажираат лице кое ќе внимава и ќе се грижи за нивните деца, за нивниот имот или за нивните миленици.

Што и да се нуди, за оние кои сакаат да патуваат е одлична можност да заработат и притоа да ги покријат трошоците за престој работејќи на посакуваната омилена дестинација.

6. „Couch Surfing”

Оваа онлајн заедница нуди можност да контактирате со локалните луѓе од дестинацијата која посакувате да ја посетите и кои се подготвени да ве нагостат и да ви обезбедат бесплатен престој во нивниот дом.

Сепак, за возврат мора да бидете регистрирани на платформата и да понудите сместување на некој од заинтересираните гости кои би го посетиле вашето место на живеење.

7. Патувачки (мобилен) медицински персонал

Ако вашата професија е медицината, ова може да биде многу профитабилна работа која нуди напредување во кариерата, во ситуација кога цело време патувате и се префрлате од локација до локација, обезбедувајќи медицинска нега на оние на кои им е потребна.

Со тоа, ќе патувате на различни дестинации, без да потрошите ниту еден денар за престој, а притоа ќе бидете наградени со плата за вашата работа.

Сподели ја веста

Последни содржини