Најбогатиот Албанец на Балканот ќе гради мини-град на Скопски саем

Објавено: 16 април 2018 - 14:00

Бизнисменот Самир Мане, кој се смета за најбогатиот Албанец на Балканот, најави изградба на мини-град во Македонија на местото на Скопски Саем. Неговата компанија го доби тендерот за рушење и реализација на огромен објект во кој ќе бидат вклучени хотели, станбени објекти и голем трговски центар..Најавува дека во мај ќе започне изградбата на инвестициски комплекс, вреден 300 милиони евра.

„Ќе почнеме да градиме град, но не во Албанија. Тоа е еден мини-град во Скопје, инвестиција од околу 300 милиони евра. Градот содржи 1.400 стана, голем трговски центар и четири кули со канцеларии. Овој проект ќе го почнеме во мај. Се вика „Смарт сити" и многу брзо ќе биде присутен во Македонија“, вели Мане во гостувањето во емисија емитувана на албанската телевизија „Клан".

Трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен и деловен простор кој ќе биде завршен во текот на следните 5 до 7 години.

Големиот комплекс со станбени и деловни згради ќе се протега на површина од 155.000 метри квадратни, соопшти компанијата „Скопје Ист гејт" минатата есен, чиј мнозински акционер „Балфин груп" го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол. Мане подоцна “Скопје сити мол" им го продаде на Британците.  Инаку корпорацијата на Мане „Балфин груп",  се состои од 18 компании, присутна е во седум земји и има повеќе од 3.000 вработени.

Линкот од гостувањето на Мане во емисијата на ТВ КЛАН може да го погледнете тука.

Сподели ја веста

Последни содржини