ORIZKO - Беззглутенски тестени

Објавено: 20 август 2018 - 14:05

Веќе со години наназад диетата без глутен e една од најпопуларните. Викторија Бекам, Гвинет Палтроу, Мајли Сајрус, па дури и Новак Ѓоковиќ се дел од познатите што се приклучија кон ваквиот тренд.

Orizko е македонска компанија која произведува исклучиво безглутенски тестенини кои содржат висококвалитетни состојки од регионално потекло. Модерниот конзумент освен што очекува нутритивен извор, очекува и фукнционална корист од вкусот и уживањето во тестенините. Во координација со променетите нутритивни потреби, за прв пат Orizko нуди тестенини од ориз и пченка. Низ постојаното подобрување на квалитетот тие создадоја безбедни и хранливи производи кои се вкусни, привлечни и достапни за потрошувачите. Со нивната посветеност кон подобрување на квалитетот на живот на своите потрошувачи, Orizko нуди здрав избор во диетата.

Безглутенска диета, односно прилагодување кон безглутенски начин на исхрана претставува начин на исхрана кој го исклучува протеинот глутен. Глутенот се наоѓа во житарките како пченица, рж итн.  Алергиите на храна кои се јавуваат во последниот период предизвикуваат претпазливост при консумацијата на глутен.
Во последните неколку години пазарот за безглутенски производи се зголемува, а со тоа и свесноста за импликациите на глутенот врз човековото здравје.
Диетата без глутен примарно се креира за да им помогне на лицата кои немаат толеранција кон глутен и имаат алергии на глутен да се прилагодат кон нормален живот. Глутенот предизвикува инфламација на тенкото црево кај лицата со целијачна болест. Безглутенскиот начин на исхрана ги контролира симптомите и знаците на оваа болест притоа спречувајќи појава на компликации. 

Зошто глутенот одеднаш стана непосакуван во исхраната, па дури и опасен?

Поради честото, секојдневно консумирање житарки богати со глутен, како и производите што во својот состав содржат глутен, сè почеста е пречувствителноста на организмот на овој протеин. Затоа, кај некои личности тој знае да биде токсичен и може да предизвика три различни пореметувања: хронична автоимуна болест, алергија на пченица и чувствителност на глутен. Причините се наоѓаат и во сменетите прехрамбени навики на луѓето, производството и обработката на храна. Поради брзиот начин на живот, често посегнуваме и за брза храна, полуготови јадења, кои често содржат глутен, а таквата претерана употреба го оптоварува и организмот со овој протеин.

Што е безглутенска диета?

Се смета дека безглутенската исхрана претставува здравствена терапија која ја користат луѓето со разни облици на чувствителност на глутен. Тоа е всушност елиминација на глутен од исхраната, односно исклучување на сите производи што содржат глутен, а тоа се најчесто житарки (пченица, овес, рж, јачмен). Во здравата безглутенска диета би требало пред сè да се консумираат што повеќе чисти и „соголени“ намирници, а што помалку тесто, леб и други видови јаглехидрати. Значи, треба да се јаде што повеќе зеленчук, дозволени житарици (како пченка, хељда, ориз и сл.), протеини (месо и риба), свежо овошје, млечни производи, јаткасти плодови... Исхраната треба да биде разновидна.

Дали безглутенската исхрана е сосема здрава и препорачлива за сите или постојат околности кога може да биде и штетна?

Глутенот како протеин не е есенцијален за да мора на било кој начин да се применува во исхраната, а аминокиселините што го сочинуваат се заменливи со други прехрамбени извори. Затоа, со ифрлувањето на глутенот од исхраната нема да си штетиме на здравјето, но правилната безглутенска исхрана подразбира со исфрлувањето на глутенските намирници да се внесуваат адекватни замени. Со неадекватно исфрлување на големо количество намирници што содржат глутен, може да дојде до нутритивни и енергетски губитоци, што ќе го влошат нашето здравје.

Orizko нуди палета на производи кои се соодветни за безглутеинска диета.

Тестенини од пченка

Тестенини од интегрален ориз

Тестенини од пченка и ориз

Тестенини од ориз

 

 

Долно Седларце ул. 101 5B, Тетово 

Телефон: +389 44 33 22 92

Мобилен: +389 70 256 434

Сподели ја веста

Последни содржини