Пасијата ја претворил во бизнис и заработува 200.000 долари годишно

Објавено: 10 февруари 2020 - 12:22

Тинејџерот Алекс Бенабе (19) од Филаделфија заработува околу 200 000 американски долари годишно играјќи ја видео играта Fortnight, пренесува Mirror.

Во просек, Алекс игра околу десет часа на ден во гаражата на неговиот татко, која е претворена во високо-технолошки центар за игри, кој содржи опрема од 50.000 долари. Неговата игра е Fortnite Battle Royale – 100 играчи се соочуваат со смртна битка во која победува само еден. Овој успешен тинејџер е подготвен да се натпреварува на Светскиот купот Fornite, во јуни, турнир со награден фонд од 30. милиони американски долари.

Тој исто така заработил многу пари од играње пред публика на стадион, како и од склучувањето договори со софтверската фирма „Epic Games“.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини