Петоцифрена добивка: Двете домашни компании за отстранување опасен отпад се во сопственост на жени

Објавено: 11 февруари 2020 - 10:04

Отпадот во последно време е во центарот на интересот на јавноста, особено поради фактот за високото ниво на загаденост во земјата.

Собранието пред распишување избори, веројатно воден од популизмот што секогаш иде пред избори реши да ја укине законската можност за увоз на отпад. Во Македонија постојат 13 компании за собирање опасен отпад. Од нив 8 се јавни претпријатија, 5 се приватни фирми и двете најголеми се во сопственост на жени. 

Во продолжение на текстот прочитајте кои се приватните друштва кои се регистрирани за дејноста обработка и отстранување опасен отпад.

Најголема приватна фирма што е регистрирана за дејноста „обработка и отстранување опасен отпад“ е „Зока Трејд“ од Неготино. Оваа компанија е во сопственост на жена од Неготино, таа се вика Зорка Блажева. Нејзината компанија во 2018 година остварила приход од 923.000 евра,а од тоа добивка е 70.700 евра.

Следуваат две компании од кои поголемата имала приход од четврт милион евра, а остварила добивка од 65.400 евра. Тоа значи дека друштвото има солидна профитна маргина од 26 отсто. Станува збор за „Ф-Групација“ со седиште во скопско Трубарево. Сопственик е Даниела Нелепа – Дамеска.

Виничката компанија „Орбита“ во 2018 година остварила приходи вредни 236.600 евра, а профитот е 8.800 евра. Ова е компанијата со најмала заработка во оваа дејност.

Следува скопската фирма Ауто Хаус Заковски сопственост на скопјанецот Горанчо Заковски. Ова друштво во 2018 година остварило приход од 110.000 евра и добивка од 40.450 евра. Тоа значи дека профитот на друштвото е 37 отсто од приходите. И ова е убедливо најуспешната фирма од сите што се во конкуренција на обработка и отстранување опасен отпад.

Во регистерот има уште една фирма со седиште во Велес и е основана од германска компанија и дејноста и е рециклирање отпад и дизел. Станува збор за компанијата Г.Р.А.Д. Екологија која во 2018 година не остварила никакви приходи, а нејзините расходи изнесуваат над 5.000 евра.

Во оваа конкуренција се уште 7 јавни комунални претпријатија основани од македонски општини и јавното претпријатие „Дрисла“ која има најголем приход меѓу нив, кој изнесува 3,9 милиони евра.

Сподели ја веста

Последни содржини