По скоро седум децении згасна „Тетекс“

Објавено: 11 февруари 2020 - 09:00

По скоро седум децении работа комбинатот „Тетекс“ од Тетово престана со работа.

Информацијата е објавена на Македонска берза. 

„Поради запазување  на правата и интересите на акционерите и заради одржување и зголемување на вредноста на капиталот од една страна  и  грижа за  вработените, зголемување  на општествена одговорност  и  животната средина од друга страна, Тетекс АД Тетово во текот на месец Февруари 2020 год. ќе престане со производство на тешка конфекција и со максимално ангажирање  и мобилизирање на  расположивите материјални и човечки ресурси во наредниот перод  ќе се ориентира кон останатите  и нови попрофитабилни дејности“, наведено е во соопштение на Македонска берза. 

Овој гигант започна со производството на 25 мај 1951 година. Во годините пред осамостојувањето, во „Тетекс“ имало повеќе од 8.000 вработени, а потоа следеа две децении во кои бројот на вработени се намалуваше. 

Сподели ја веста

Последни содржини