Позната компанија изгуби 150 милиони долари за еден ден

Објавено: 08 November 2019 - 09:46

Милијардерите кои стојат зад производството на детски играчки „Лего“ за еден ден изгубија 150 милиони долари поради лоша инвестиција, пишува Блумберг. 

Фамилијарната компанија Киркби на Кирк Кристијансен поседува удел во „Лего“ вреден 16 милијарди долари, а во средата вредноста падна поради загуба од 150 милиони долари. 

Причината е влогот од 15 отсто во компанијата ISS, која падна за 20 отсто. Извршниот директор Џеф Грејвенхорст претходно имаше изјавено дека целта му е да привлече само големи инвеститори и да се реши од малите, па изгледа дека оваа политика придонесе за пад на пазарната вредност, која продолжи и вчера. Тој смета дека неговата стратегија се уште има смисла, иако изгледа премногу амбизиозна, па се обидува да ги увери инвеститорите дека 2020 година ќе биде подобра од 2019. 

Грејвенхорст исто така призна дека по вториот пад годинава, по оној во август, неговата позиција на извршен директор е доведена во прашање. 

 

Сподели ја веста

Последни содржини