Решение за најголемиот проблем на бизнис заедницата

Објавено: 31 мај 2019 - 15:45

Настанот ќе се одржи на 8-ми јуни, во 09.30 часот во хотелот Александар Палас. Како специјален гостин на настанот ќе присуствува Саша Карловчан, познат како балканскиот Jack Welch и експерт за бизнис менаџмент и развој.

Александар Кочовски е консултант и тренер за личен и организациски развој, кој во изминатиот период успеа да изврши средби со стотици бизнисмени ширум Македонија паралелно со настаните кои ги организира во Кавадарци, Струмица и Прилеп, а во исто време спроведе и онлајн истражување поврзано со проблемите кои ги имаат македонските бизнисмени.

Според неговото истражување, тој истакнува дека проблемите со кои се соочуваат македонските бизнисмени најчесто се базирани на привлекување и вработување одговорни и лојални луѓе, како и задржување на истите во период кога има нелојална конкуренција и масовно исселување од државата.
„Изминативе триесетина дена успеав да посетам неколку градови во Македонија. Се сретнав со стотици сопственици на бизнис во обид да дознаам кој е најголемиот проблем во моментов кај повеќето од нив. Темата или проблемот што преовладуваше е:
Како...
1. Да привлечам и вработам одговорни и лојални луѓе;
2. Да ги задржам добрите и лојални вработени;
...сега кога има нелојална конкуренција, нестабилна бизнис клима и луѓето „ни бегаат" надвор од Македонија.
За да поработиме на решението на овој проблем, на следната работилница што ќе се одржи на 8ми Јуни поканив специјален гостин.“- вели Александар Кочовски.

„Откријте го Вашиот скриен потенцијал" е работилница за сопственици на бизнис кои се соочуваат со „модерни“ проблеми.

Настанот ќе се одржи на 8-ми јуни, во 09.30 часот во Александар Палас. Како специјален гостин на настанот ќе присуствува Саша Карловчан, познат како балканскиот Jack Welch и експерт за бизнис менаџмент и развој.  Доаѓа директно од Хрватска за да работи со присутните македонски бизнисмени.

Доколку сте сопственик на бизнис или менаџер и се соочувате со овие проблеми, регистрирајте се на следниот линк и "Откријте го Вашиот скриен потенцијал."
 

*Александар Кочовски е консултант и тренер за личен и организациски развој, кој има соработувано со преку 40 компании од Македонија. Има одржано бројни работилници, предавања и семинари, од областа на бизнисот и претприемаштвото, со преку 500 луѓе. Денес, Александар Кочовски има сопствена компанија и работи како советник и бизнис консултант на успешни компании од Македонија. Исто така е активен и на социјалните мрежи каде преку креативни видеа споделува совети и искуства со неговата публика.

Сподели ја веста

Последни содржини