Санмарти: Трендови за уредување на вашата бања

Објавено: 14 март 2019 - 12:02

Бањата е делот од домот кој најмногу треба да ви пружи релаксација и комфор

Кога станува збор за најновите трендови на санитарните елементи, квалитетот и функционалноста се најважните параметри кои треба да ги земеме предвид при одлучувањето.
Kolpa San, вметнувајќи го санитарниот акрил како одличен материјал, ги дополнија нивните производи со додатна издржливост, обезбедувајќи му на врвниот дизајн трајност и сигурност. Влажноста која е постојано присутна во бањите сега не претставува проблем за санитаријата, па купувачите можат во целост да се препуштат на комбинирањето на компонентите според нивната фантазија.
Задолжително погледнете го литиот мрамор како и керокот, кој е отпорен на удари и на хемикалии, па така дамките од различни артикли и хемиски средства не го оштетуваат. Долготрајната мазност на површината не е загрозена од забот на времето. Тој по структура е хомоген и масивен, со што има извонредна издржливост и цврстина, кои спречуваат негово напукнување на различни временски влијанија.

Ако главен акцент ви е модерниот изглед тогаш обрнете внимание на вградените системи на Grohe и чешмите во боја, кои ќе бидат апсолутен хит како стилско и функционално решение. Alchemy на Hatria е иновативна и технолошки развиена серија на завршна керамика која на санитаријата и дава прекрасен сјај и голема цврстина, како и отпорност на миркоби.
Eстетиката и издржливоста се споија во врвната линија на Hatria. Ова се само дел од најновите предлози на санитарни елементи за вашиот дом. Комплетната понуда на Санмарти може да ја погледнете во нашите продажни салони или на веб страната www.sanmarti.com.mk

Сподели ја веста

Последни содржини