Шпаркасе ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

Објавено: 08 November 2019 - 15:34

Штаемеркише Банка и Шпаркасен официјално ја купија Охридска банка за 48 милиони евра, со што станува сопственик на 91 отсто од акциите.

Со овој чекор, оваа банка ќе биде четврта по големина во државата и ќе држи 14 отсто од банкарскиот пазар. Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата. 

„Изминатата година Охридска банка ги оствари историски најдобрите резултати и со тоа ја зацврстивме нашата заложба да бидеме партнер на домашните и странски команија на нашите клиенти и економијата“, рече Нина Неданоска-претседател на Управен одбор на Охридска банка

Двете банки ќе функционираат како засебни правни субјекти, а спојувањето треба да се заврши до вториот квартал на 2021 година. Засега сметките на клиентите на Охридска банка ќе останат непроменети. 

 

Сподели ја веста

Последни содржини