Што е бренд идентитет?

Објавено: 05 февруари 2019 - 12:11

Успешно изградениот бренд го формира целосното искуство на потрошувачот со производот и компанијата.

Може да речеме дека брендирањето е забавна работа, но во суштина една од најбитните алатки за успешен бизнис. Тоа не е нешто што можете да го држите во раката, но сепак брендот е лебот и путерот на една компанија. Без стабилен и конзистентен бренд, растот на вашата компанија сериозно ќе заостане позади конкуренцијата.
Брендирањето е како личност што ја идентификува компанијата, производот или услугата  пред вашите клиенти, влијае на свеста и лојалноста на клиентите и секако приходите. Од перспектива на клиентот, брендирањето говори премногу за вашиот бизнис. Успешно изградениот бренд го формира целосното искуство на потрошувачот со производот и компанијата.

Сеуште не сте сигурни колку голема моќ има брендирањето за вашата компанија?

  1. Користење на пантонски бои го зголемува препознавањето на брендот.
    Бојата е од суштинско значење при градење на траен имиџ на компанијата и го зголемува препознавањето на бреднот за дури 80%. Кога ќе помислите на црвена боја и напитоци,  на што прво помислувате? Секако, Кока Кола.

  2. 72% од продавачите велат дека креирање на брендирани производи е поефикасно за продажба од рекламирањето во списание.
    Дознајте која е вашата публика и дајте им го тоа што го сакаат. Ако вашиот бренд е доволно силен и препознатлив, тој ќе направи вашата публика секогаш да ве препознава и одбира вас во морето од брендови.

  3. Искреноста е секогаш најдобра политика
    Искреноста е секогаш најдобра политика, особено кога станува збор за градење на лојалноста на клиентите. Истражувањето во 2016 година покажало дека 94% од потрошувачите,стануваат лојални на вашиот бренд, доколку им се посвети целосно внимание и секогаш сте искрени со нив.

  4. Автентичноста на содржината- највлијателен фактор.
    80% од потрошувачите велат дека автентичноста на содржината е највлијателен фактор во нивната одлука да станат следбеници на одреден бренд. Кредибилитетот е од суштинско значење во развивање на искуство со клиентите. Бидете сигурни дека пишаната содржина е точна и граматички правилна.

  5. Сина боја, да или не?
    Една третина т.е 33% од брендовите ја користат сината боја во своето лого. Сината боја обично се користи за да се создаде чуство на сигурност и доверба, што е особено важно за компании кои работат исклучиво на интернет.  

  6. Веб-сајт со блог.
    Компаниите со блог имаат 67% поголема база на клиенти месечно, одколку компаниите кои немаат блог. Буквално се исплаќа да има конзистентна содржина што тече низ вените на вашиот веб-сајт.

  7. Логото- клучен сегмент на секоја компанија.
    Потрошувачите првиот впечаток за компанијата го имаат преку логото, 10 секунди им се потребни за да го забележат и најчесто се сеќаваат прво на него кога ќе се спомне името на вашата компанија.

  8. Продавајте ги бенефиции на компанијата, а не самата компанија.
    45% од потрошувачите имаат изјавено дека ќе отследат одреден бренд на социјалните мрежи доколку има претена самопромоција. Продавајте бенефиции, а не компанијата, одговарајте им на потрошувачите со прашањето: „Што можеме да сториме за да ви го олесниме животот“?

  9. Рекламите треба да бидат привлечни и релевантни, а не претенциозни.
    80% од потрошувачите ги игнорираа рекламите од страна на веб-страниците или на резултатите од пребарувањата, бидејќи сметаат дека овие реклами се помалку сигурни, сепак не можете да ја купите довербата на купувачот.

Вашиот идентитет односно вашиот бренд е она што ве издвојува од бескрајното море на конкурентите и им покажува на вашите клиенти кои сте и што можат да очекуваат од вас. Ако сакате вашиот бренд да се согледа во позитивно светло, од клучно значење е да го зацврстите сопствениот бренд идентитет и да креирате дизајни кои прецизно зборуваат за вас. И сега кога знаете како да го искористите тој идентитет, време е да започнете со дизајнирање.
Ако не знаете како, секогаш постојат професионалци кои можат да ви помогнат.

 

 

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини