„Тетекс“ минатата година остварил добивка од 33,9 милиони денари

Објавено: 27 февруари 2020 - 09:00

„Тетекс АД“ во периодот јануари-декември 2019 година оствари добивка во износ од 33,9 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Оперативните приходи изнесуваат 232,5 милиони денари, а приходите од продажба изнесуваат 167,6 милиони денари. Истите се состојат од продажба на производи и стоки на домашен пазар (89,8 милиони денари) и продажба на производи и стоки на странски пазар (77,7 милиони денари).

Структурата на приходите остварени на домашен пазар е следна: приходи од продажба на производи и стоки во износ од 51,1 милиони денари, приходи од закупнини 29 милиони денари и приходи од други услуги 9,6 милиони денари.

„Тетекс“ АД во своето работење претежно се ориентира кон издавање на слободни простори под закуп на други правни лица, дејност која значително учествува во вкупните приходи на компанијата што може да се види од наведените показатели. Останатите оперативни приходи во кои се вклучени приходите од продажба на недвижен имот изнесуваат 20,8 милиони денари“, соопшти компанијата.

Извор: Емагазин.мк

Сподели ја веста

Последни содржини