Топ 100 - Вардар Доломит е најуспешна компанија за 2018 година

Објавено: 08 November 2019 - 15:15

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија по деветти пат направи избор на најуспешните компании за 2018 година во Северна Македонија, а селекцијата се вршеше врз основа на годишниот приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капитал. 

Вардар Доломит е најуспешна компанија за 2018 година, а меѓу првите пет компании се и Алма М, Кипер маркет, Нептун и Даути комерц. Наградата за најголем пораст во последната година ја доби струшката компанија Гајрет, УНИКА е најдобра компанија водена од жена, а Слајс е фирма со најголемо и најдобро проширување на глобалниот пазар.

На манифестацијата присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери  заменик премиерот Кочо Анѓушев, министерката за финансии Нина Ангеловска, заменик-премиерот за европски прашања, Бујар Османи, претставници на други државни и бизнис институции, амбасадори, гости од земјава и странство.

Овој настан преминува во традиција, а целта е да се мотивираат претприемачите во остварување на бизнис целите, како и изнаоѓање на нови пазари за пласман надвор од државата.

Сподели ја веста

Последни содржини