Третина од годината работиме само за државата

Објавено: 12 јули 2018 - 09:09

Од 365 дена во годината, дури во 117 работиме само за да си ги платиме давачките кон државата без ниту денар за нас. Во останатите 248 дена платата е за наши потреби. 27 април и годинава во земјава е денот кој практично се нарекува „такс фридом деј“. Тоа е реален ден, но имагинарна граница кој практично означува до кога во годината вработените работат за државата, а од кога почнуваат да работат за себе, се разбира само на хартија. Тоа се пресметува врз основа на процентот од бруто платата кој секој вработен го плаќа за даноци и за социјални придонеси.

Во Македонија неколку години по ред, давачките се 32 отсто од бруто платата, што пресликано во денови излегува дека сите ги исплаќаме во една третина од годината односно точно по 117 дена, на 27 април. Ако се промени стапката на персонален данок на доход в година, се разбира ќе се промени и денот, односно најверојатно би бил подоцна. Во многу земји од Европската Унија, па и во САД овој таканаречен „такс фридом деј“  се менува често на годишно ниво. Во повеќето, поради тоа што и давачките се поголеми, денот се паѓа подоцна.

Според некои пресметки во земјава на секое заработено евро од платата, кон државата одат уште 0,47 евра. Не се плаќаат придонеси за социјално осигурување на товар на работодавачите, а другите давачки се помали од евро. Се плаќаат 0,07 евра персонален данок на доход и 0,40 евра социјални придонеси кои се на товар на работниците. Оваа сума во другите земји се разбира е поголема.

Според државните податоци, годинава во првите три месеци државата собрала од данокот на добивка 51,7 милиони евра. Само од персонален данок во првиот квартал собрани се приходи од 58,8 милиони евра. Наплатата на придонеси кон ПИОМ изнесува 142 милиони евра, додека за здравствениот фонд се собрани 106,5 милиони евра.

Во повеќето земји од Унијата денот се паѓа во јуни, но има такви и каде е во јули. Во соседна Бугарија тој ден се падна на 6 мај, а во Хрватска исто така земја од регионот, но и членка на Унијата, таканаречениот „такс фридом деј“ е подоцна односно на 12 јуни. Од земјите во Унијата најрано се паѓа во Кипар каде е порано и од денот во Македонија односно беше на 27 март. На 19 април е во Малта, а на 26 април е во Ирска. Во земјава е на 27 април што значи дека некаде сме на четврто место по платените давачки од бруто платата, ако се анализираат земјите од ЕУ.

Следуваат поразвиените земји, Велика Британија, Бугарија, Луксембург. Во сите три е во мај. Но веќе во јуни се паѓа во Луксембург, Данска, Шанија, Естонија, Словенија, Португалија, но и Хрватска каде е на 12 јуни.

Но има и такви каде денот се паѓа во јули како што е и Грција или на 10 јули, но и во Германија, Италија, Австрија, Белгија и други. Франција е на последно место – таму давачките се најголеми.

Или во Франција на едно евро заработена плата, француските работодавци и плаќаат на државата уште 1,20 евра за социјални придонеси и за даноци за работникот.

Александра Томиќ

извор: faktor.mk

Сподели ја веста

Последни содржини