Триглав Осигурување АД со одлука за промена на Статутот на компанијата

Објавено: 07 декември 2017 - 07:25

Компанијата Триглав Осигурување АД Скопје на 47-та седница на Собранието на акционери, одржана на 05.12.2017 година, ги донесе следните одлуки:

  1. Одлука за измена на Статутот на Друштвото и
  2. Одлука за отповикување и избор на неизвршни членови на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје.

Со оваа одлука беше изменет Статутот на Триглав Осигурување АД Скопје, чиј пречистен текст е утврден од одборот на директори на 120-тата седница одржана на 20.11.2017 година.

Со овие измени е извршено прецизирање на извршувањето на функциите на извршните членови на на одборот на директори на Триглав Осигурување АД.

На собранието исто така беше донесена и одлука за отповикување и избор на неизвршни членови на Одборот на директори на компанијата.

Оригиналниот документ од одлуката за промена на статутот може да го погледнете тука.

Оригиналниот документ од одлуката за отповикување и избор на неизвршни членови на одборот може да го погледнете тука. 

Сподели ја веста

Последни содржини