За в.д. генерален директор на „Бетон“ назначен зетот на Минчо Јорданов

Објавено: 21 февруари 2020 - 11:01

Одборот на директори на „Бетон“ АД Скопје на состанокот одржан на 17.02.2020 година за в.д. извршен член на Одборот на директори и в.д. генерален директор го назначи Горан Мауровски, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Мауровски е сопруг на Наташа Јорданова, ќерка на Минчо Јорданов, кој е доминантен акционер во „Бетон“.

Тој досега извршуваше друга функција во компанијата, а беше член и на Надзорниот одбор на „Факом“, компанија која е дел од корпорацијата на Јорданов.

„Бетон“ е децениски етаблирана компанија во реализацијата на градежни работи од областа на високоградбата (административни, станбени објекти), нискоградбата (патишта, мостови, тунели) и хидроградбата (брани, хидросистеми). Покрај градилиштата, компанијата располага и со производствени капацитети – погон за механизација, со голем број машини и возила, бетонска и асфалтна база.

Во рамки на многубројните објекти кои ги има изградено се вбројуваат Градски стадион Скопје, хотелот „Александар Палас“, Судската палата, автопатот Миладиновци – Штип, Автопатот Е-75, ХЕЦ „Света Петка“, но и други истакнати градби во градското јадро на Скопје.

Сподели ја веста

Последни содржини