Адаптација на уредите за гас ќе ги чини домаќинствата 1.500 евра

Објавено: 13 февруари 2020 - 08:09

Адаптацијата на уредите во домовите, за да може да се користи гасот, домаќинствата ќе ги чини околу 1.500 евра.

Бајрам Реџепи на синоќешното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат кажа дека има размислувања дел од тие трошоци да бидат субвенционирани.

„Гасот ќе се користи најмногу за греење на станбени простории, за готвење, за шпорети и за топла вода. Ова значи дека сите  домаќинства, кои имаат системи за греење, ќе треба да ги адаптираат за да бидат на гас. Ќе треба да купат шпорет на плин исто и бојлер на плин. Реално според физибилити студијата, трошоците за ова, во станбен простор од 85м2, за четиричлено семејство ќе бидат околу 1500 евра за да се адаптира внатрешниот систем. Ова ќе биде висока цена за многу семејства особено за социјалните случаи или кои користат социјална помош. Затоа разговаравме и планираме како влада еден дел да се субвенционира и за еден дел да се користат меки кредити“, рече Реџепи.

Според првиот човек на Националните енергетски ресурси приклучокот за домаќинствата во гасоводниот систем ќе изнесува околу 100 евра.

Сподели ја веста

Последни содржини