Евро „петстотката“ целосно се повлекува од употреба

Објавено: 23 април 2019 - 08:33

 Банкнотата од 500 евра до крајот на неделава целосно ќе биде повлечена од употреба. Главната причина за укинување на „петстотката“ е што според анализите таа е најчесто фалсификувана и нелегално пуштана во промет од страна на криминалци и фалсификатори на банкноти.

Европската централна банка која има надлежност над целата евро-зона повеќе нема да ја печати банкнотата од 500 евра и не ја стави на листата на нови хартиени банкноти со зајакнати безбедносни параметри. Останува уште да се приклучат и централните банки на Австрија и Германија кои до 26 април ќе ги употребуваат петстотките во платниот промет.

Моментално се уште во оптег се 509 милиони парчиња банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра. 

Дваестина централни банки во еврозоната го прекинаа печатењето на банкнотата уште во јануари.

Сподели ја веста

Последни содржини