Јавен повик за инвестиции до 3.5 милиони денари за набавка на трактори

Објавено: 30 април 2019 - 12:04

До крајот на мај ќе биде отворен јавниот повик за модернизација на земјоделските стопанства и набавка на трактори.

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2019

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за

финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ

  • 121.Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства: до 3.500.000 денари  прифатливи трошоци по поединечен корисник
  • 121.4 Набавка на трактори: до 3.500.000 денари  прифатливи трошоци по поединечен корисник

II. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

  • Мерка 121. Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

III.ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКАНапомена: Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на трактор, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Напомена: Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик!

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.4 изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

  • Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 23/19 и 32/19)
  • Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17,  83/18 и 27/19)
  • Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17 и 162/18) и
  • Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18 и 77/19)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121.4.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

- Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и

- Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено

Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој  („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17 и 162/18)

Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на  Договор за ко-финансирање со Агенцијата

Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20

(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0419-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 30.05.2019 година.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и

на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Сектор за одобрување на проекти.

Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот

E-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

 

Сподели ја веста

Последни содржини