Кина го губи статусот на економски центар во светот, корона вирусот ја менува политиката на компаниите

Објавено: 31 јануари 2020 - 11:57

Тесла очекува одложување на производството во Кина. Старбакс и Мекдоналдс затворија илјадници продавници. Епл го намали снабдувањето, Тојота ги затвори погоните до 9 февруари и Дојче Луфтханза ги запре сите летови до и од копното.

Глобалните корпорации се борат со брзо раширениот корона вирус сличен на САРС, кој уби најмалку 170 луѓе и се заканува да ја уништи економијата во Кина.

Вухан, епицентарот на корона вирусот кој инфицираше повеќе од 7.000 луѓе е центар за производство, испорака и бизнис. 

Еве краток преглед на тоа како некои од најголемите компании реагираат на здравствената криза:

Мекдоналдс затвори неколку стотици ресторани во провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан. Синџирот за брза храна сè уште има околу 3.000 локации отворени во земјата. Кина сочинува околу 9% од глобалните ресторани на компанијата, но само 3% од приходот од работењето.

Икеа ги затвора сите свои продавници на копното од 30 јануари, бидејќи гигантот за домаќинство го следи развојот на епидемијата. Тесла очекува одложување од една до две недели во производството во новата фабрика во Шангај - нејзиното прва вон САД. Главниот финансиски директор Зак Киркхорн смета дека одложувањето може да влијае на профитабилноста на компанијата.

Од Епл за време на конференциски повик истакна дека ги следи случувањата во Кина и дека превентивно ќе затвори неколку продавници. Старбакс затвори речиси половина од своите 2.000 кафулиња во Кина, но засега нема конкретна инфоремација за колкава загуба се работи. Челните лица сметаат дека ова ќе се одрази на профитабилноста на компанијата.

Тојота го прекинува производството во Кина барем до 9-ти февруари. Форд исто така ги прекина сите деловни патувања поврзани со Кина. Од вработените во Форд кои патувале во Вухан и другите погодени области, бараат да бидат во 14 дневен карантин.

Бернард Арно, претседател и извршен директор на LVMH групацијата изјави дека според информациите на неговите советници, корона вирусот треба да го достигне врвот во текот на следните недели и кризата може делумно да се реши до крајот на март. Тој предупреди дека тој изглед може да биде неточен.

Најголемиот светски производител на ракавици, Top Glove Corp Bhd очекува продажбата на тој производ да се зголеми за околу 25%, како резултат на појава на корона вирусот, за разлика од првичните проекции на 10% -15%, изјави извршниот претседател Лим Ви Чаи.

Околу 8 милиони автомобили од Тесла беа продадени минатата година во приближно 40 кинески градови кои имаат 10 или повеќе дијагностицирани случаи на корона вирус или 36,8% од вкупниот обем во земјата, проценуваат аналитичарите од Бернштајн. Во тие градови учествуваа 82,5% од малопродажниот обем на Тесла. На долг план ова ќе влијае на продажбата на автомобили.

Компанијата Еон, најголемиот оператор на супермаркети во Јапонија, очекува продажбата од продавниците од областа на Вухан да се намали за половина, рече портпаролот Макото Суеоши во понеделникот. Еон ги затвори маркетите во трите трговски центри воВухан, но нејзините пет генерални супермаркети работеа на ограничена основа за продажба на дневни производи и храна.

 

Сподели ја веста

Последни содржини