Кои три печатени медиуми добија скоро 500.000 евра субвенции

Објавено: 11 февруари 2020 - 14:26

Владата го објави списокот со 12-те печатени медиуми што добија субвенции преку Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година.

Според објавените владини податоци, на повикот за финансиска поддршка за минатата година биле доставени вкупно 16 барања, за кои биле предвидени околу 810.000 евра. Од нив, одобрени се 12 барања за субвенции, при што на новинско-издавачките компании ќе им се распределат 712.000 евра.

Највисока сума за 2019 година ќе добие „Слободен печат“, на чија сметка ќе се исплатат субвенции во износ од 236.015 евра. Втор на листата според висината на субвенции е „Вечер“, којшто за оствареното печатење и дистрибуција на весникот ќе му легнат 137.176 евра. На најстариот дневен весник во земјава „Нова Македонија“ за 2019 година ќе му се распределат субвенции од 110.401 евра.

На листата на печатени медиуми кои добија субвенции се и весниците на албански јазик „Коха“ и „Лајм“, неделниците „Фокус“ и „Капитал“, месечниците „Економија и бизнис“, „Лице в лице“ и „Шења“, како и локалните неделници „Битолски весник“ и „Зенит“.

Сподели ја веста

Последни содржини