Која земја ќе профитира од Брегзит?

Објавено: 31 јануари 2020 - 10:21

Истражувањето на банката „Landesbank Hessen-Thüringen“ покажа дека Банкарскиот ситем во Франкфурт ќе излезе како победник од излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Аналитичарката Улрике Бискоф изјавила за „Ројтерс“ дека повеќе од 30 странски банки донеле одлука да отворат канцеларии во Франкфурт.

„Финансиските компании кои претходно работеа во Лондон мора да се преместат во континентална Европа поради Брегзит за да можат и понатаму да ги нудат своите услуги“, рекла таа.

Поради Брегзит, до крајот на 2021 година во Франфурт ќе бидат отворени околу 3.500 работни места.

Сподели ја веста

Последни содржини