Паѓаат цените за метар квадратен станбена површина во Скопје

Објавено: 24 март 2018 - 12:46

Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2017 година изнесувала 41.822 денари, што е за 2,9 проценти помалку во
однос на 2016, објави Државниот завод за статистика.

Во Скопје просечната цена на метар квадратен лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 проценти помалку во споредба со 2016
година, а во останатите населени места во Македонија 32.001 денар, што е за 2,2 проценти помалку во споредба со 2016.

Во втората половина од минатата година просечната цена на метар квадратен стан е намалена за 6,2 проценти во однос на првото
полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 проценти.

Наведените просечни цени се без Данок на додадена вредност.

Сподели ја веста

Последни содржини