Лани за три месеци купени станови вредни 80 милиони евра: Каде најмногу се купува?

Објавено: 13 јануари 2020 - 08:53

Според последните податоци на Агенцијата за катастaр на недвижности, македонските граѓани само за три месеци лани, од јули до крај на септември си купиле недвижности со вкупна вредност од 142 милиони евра. Од нив најголем дел или 80 милиони евра биле пари потрошени за станови, а над 17 милиони евра за куќи.

Деловните простории чинеле околу 20 милиони евра, а со останатите пари Македонците се „подновиле“ и со индустриски објекти, земјоделско и градежо земјиште и други недвижности.

Податоците на Агенцијата за катастар на недижности покажуваат дека во третиот кввартал лани најголем број продадени станови има во скопските општини. Така во општина Карпош биле продадени вкупно 239 станови, следува Аеродром со 213, па Центар со 142 и Кисела Вода со 123 продадени станови, исто колку што има продадени станови на пример Охрид, кој е нјвисоко на листата од другите градови во земјава по продажбата на станови.

Најголем број пак продадени куќи има на територијата на општина Битола, каде  во овој период се продадени 30 куќи. Додека пак најмногу продажби на деловен простор има на територијата на општина Центар каде што се продадени 23 деловни простори. Најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општините Струга и Кочани со по 48 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Кичево со 27 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 12 индустриски објекти и тоа во поголем број на општини. Најдолу пак на листата е Општина Вевчани каде во овој период не се продало и купило буквално ништо.

Најскап квадрат имало во општина Карпош, или за метар квадратен станбена површина граѓаните плаќале по 60.398 денари, следува Центар со просечни 59.855 денари за метар квадратен, па Аеродром со 50.739 денари.

Сподели ја веста

Последни содржини