Листа на должници на УЈП

Објавено: 12 јули 2018 - 08:40

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници бр.07/2018 за долгови доспеани до 31.03.2018 и неплатени до 30.06.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници бр.07/2018 објавени се 2.069 должници – правни лица (помалку за 4 од претходната листа) и 1.812 физички лица (помалку за 230 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2018 изнесува 10.132.968.022 денари (околу 164 милиони евра), повеќе за 92.898.435 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.997.929.978 денари (повеќе за 92.979.555 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 135.038.044 денари (помалку за 81.120 денари од претходната листа).

Сподели ја веста

Последни содржини