Македонците наскоро ќе купуваат со скенирање на кодот на производот

Објавено: 24 јануари 2020 - 08:21

Отакако деновиве се појави информацијата дека граѓаните на Србија ќе можат да плаќаат стоки скенирајќи ги QR кодовите со помош на смартфоните, од Народна банка најавија дека може да се очекува и кај нас воведување на ваква техологија.

Оттаму велат дека активно ги следат најновите трендови во плаќањата и се посветени на обезбедување на потребните регулаторни услови за нивна имплементација. Ова е особено важно за трговците кои веднаш ќе добијат пари за продадена стока наместо да чекаат неколку дена, како што е инаку случај кога плаќањето се врши со картички.

– Во овој контекст, ние и Министерството за финансии ја подготвуваме новата регулативна рамка, којашто транспонира соодветна регулатива на ЕУ, и со којашто ќе се овозможи појава на нови даватели на платежни услуги и оператори на платни системи кои се очекува да внесат поголема конкуренција во платежната сфера. На овој начин, очекуваме дека ќе се зголеми интересот кај деловните субјекти за воспоставување на инфраструктура за извршување на инстант плаќања, а со тоа ќе се забрза воведувањето и прифаќањето на новите технологии во сферата на плаќањата, вклучувајќи ја и можноста за иницирање на плаќања со користење на QR кодови – велат од Народната банка.

Експанзијата на нови услуги за е-плаќање го намалува количеството на готовина во оптек, практика во многу развиени земји во светот. Тоа значи дека се помалку ќе се користат пари, па и плаќања со картички, а тоа пак во голема мера ќе им го олесни пазарувањето на граѓаните, така што не ќе мора да чекаат ред во продавниците и големите маркети.

Шведска се смета за лидер по ова прашање, која изнесе план да стане општество без готовински средства до 2023 година.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Сподели ја веста

Последни содржини