Младите со високо образование одбиваат работа и за 30.000 денари

Од бизнис секторот се жалат дека младите лица со високо образование се без работа затоа што не прифаќаат пониска позиција, иако за истата може да добијат 30.000 денари плата.
Од Агенцијата за вработвање тврдат дека стопанството главно бара кадар кој е искусен и може дирекно да го вклучат во производството и се надеваат дека образовните квоти ќе се прават во координација со бизнисот, со цел компаниите да не се соочуваат со недостаток на неопходен кадар.
Според анкетите, над 60 отсто од компаниите се изјасниле дека не можат да најдат кадар за работа. Причина за ваквата состојба ја гледаат во тоа што дел од работоспособното население е надвор од државата, а образовниот систем не продуцира нов кадар кој му одговара на бизнис секторот.