Над 100.000 граѓани не си подигнале 2,4 милиони евра обештетување

Објавено: 17 јануари 2020 - 11:16

Вкупно 101.878 граѓани не си подигнале 2,4 милиони евра од пропаднатите банки и штедилници во земјава.

Податоците на Фондот за осигурување на депозити покажуваат дека од јануари 1997 година до крајот на јуни лани, во земјава пропаднале вкупно 11 банки или штедилници каде вкупното обештетување изнесувало 24,7 милиони евра, иако граѓаните во нив чувале вкупно 29 милиони евра. Најмногу пари биле заробени во Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација, каде во моментот на пропаѓање граѓаните чувале 29 милиони евра, а осигурани биле или обештетувањето изнесувало 21,2 милиони евра, од кои до крајот на јуни лани се исплатени вкупно 18,9 милиони евра или 89,17 проценти, што е еден од пониските проценти во однос на другите пропаднати банки и штедилници, каде обештетувањето одело до над 95 проценти.

 Тие 101.878 граѓани или 9,8 проценти  кои имале право на обештетување од најразлични лични причини не го оствариле правото, односно се уште не е јасно од кои причини си ги „заборавиле“ парите кои ги имале на сметки во нив, иако имале право да бидат обештетени.

Сподели ја веста

Последни содржини