Нелојална конкуренција: Глоба до 375 евра за нерегистрирано вршење на дејност

Објавено: 03 февруари 2020 - 12:01

Од Занаетчиска комора Скопје тврдат дека занаетчиите секојдневно се судруваат со нелојална конкуренција, односно сивата економија која негативно влијае на функционирањето на бизнисите во занаетчискиот сектор.

Голем број луѓе работат во домашни услуги и на тој начин ги избегнуваат даноците, административните постапки, уплаќањето на социјални придонеси, даночните и трудовите регулативи.

Сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор затоа што нелегалниот бизнис кој дејствува без никакви давачки делува слободно без никакви контроли и надзори.

„Глоба во износ од 250 до 375 евра за нерегистрирано вршење на дејност се изрекува на занаетчијата и посебна прекршочна мерка одземање на предмети согласно закон за прекршоци. Но, сивата економија може да се намали и со промоција на занаетчијата како форма на регистрација согласно Законот за занаетчиство и можноста лицето да се регистрира во занаетчискиот регистар како занаетчија со што ќе стане легален бизнис“, вели Анета Атанасовска, од Комора на занаетчии Скопје.

Од инспекциските служби немаат потврдено дали и колку вакви занаетчии биле казнети. 

Сподели ја веста

Последни содржини