Објавен законот кој овозможува откуп на стаж за пензија

Објавено: 12 февруари 2020 - 08:44

Во Службен весник објавен законот кој овозможува откуп на стажот. 

Тоа значи дека сите оние кои имааѕ 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе може да ги откупат потребните години за да добијат старосна пензија. 

Законот стапува на сила на 18 февруари годинава, а ќе почне да се применува по еден месец, односно од 18 март, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20 отсто од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика која сега изнесува 1.400 денари за еден месец. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување соопшти дека со законот се уредува начинот на утврдување на стажот на осигуреникот кој бил во редовен работен однос и бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не го платил придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ќе може да прави пресметки за плаќање на придонесот до 31 декември 2008 година.

Сподели ја веста

Последни содржини