Од 500 на 3.000 евра е зголемен лимитот за плаќање во кеш

Објавено: 02 јануари 2020 - 12:51

Со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за плаќање кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра.

Измените беа усвоени по скратена постапка во Собранието на 27 декември, а по иницијатива на неколку пратеници.

За измените гласаа 54 пратеници, немаше против и воздржани.

Министерството за финансии најпрво го намали прагот за плаќање во готово од 15.000 на 2.000 евра, а потоа се намали на 1.000, а од јуни минатата година на 500 евра.

Тогашниот министер Драган Тевдовски ја искажа примената на оваа мерка како една од причините за позитивниот извештај на Европската комисија за борбата со сивата економија.

Сподели ја веста

Последни содржини