Од денес активен е младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно

Објавено: 10 февруари 2020 - 15:34

Законот за младински додаток според кој младите лица до 23 години од денес можат да аплицираат за младински додаток, во центрите на вработување е објавен во „Службен весник“ и веднаш влегува во сила.

„Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите лица да се вклучат на пазарот на труд. Мерката се однесува на млади до 23 години коишто имаат завршено најмалку средно образование и работат во производствена дејност или се индивидуални земјоделци. Ги повикувам сите млади да ја искористат можноста да го дополнат личниот буџет со 3.000 денари, секој месец. Младинскиот додаток се исплатува на лична сметка на корисникот“, вели дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари и се очекува да го примаат околу 4.000 лица.

Сподели ја веста

Последни содржини