Од полноќ нови цени на горивата

Објавено: 02 декември 2019 - 13:46

Регулаторна комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се без промена, па со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 70,50 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар. Со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,186 денари за килограм.

Сподели ја веста

Последни содржини