Од полноќ нови цени на горивата

Објавено: 08 јануари 2020 - 13:30

Од полноќ ќе се намалат цените на бензините и на дизелот за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 –  70 денари за литар, а на дизелот 62,5 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,305 денари на 38,548 денари за килограм.

Сподели ја веста

Последни содржини